ПСЖ сепак може да го пушти Нејмар ова лето


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Големата ѕвезда на Пари Сент Жермен, Нејмар веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Иако овој трансфер изгледа како „невозможна мисија“, сепак последните информации од Шпанија говорот дека трансферот би можел да се реализира ова лето.

Имено, шпанското радио „Onda Cero“ тврди дека францускиот клуб категорично ја отврлил секоја можност за трансфер на Килијан Мбапе, но ја оставил вратата отворена за Нејмар.

Наводно новиот тренер Томас Тухел е спремен да се раздели со Бразилецот, но само ако на негово место дојде адекватна замена, а прва негова желба е Пауло Дибала од Јувентус.

Се уште нема официјална позиција од страна на ПСЖ за статсот на Нејмар. „Кралевите“ пак иако неодамна негираа дека испратиле понуда за Бразилецот, сепак ќе се обидат и најмалата можност да го донесат во Мадрид.