Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пари Сент Жермен најпрвин беше заинтересиран за Филипе Кутињо, но откако Ливерул ја одби понудата за Бразилецот, сега „светците“ се заинтересирани за друг фудбалер на „црвените“.
Имено, станува збор за англискиот репрезентативец Адам Лалана во кого тренерот Унаи Емери гледа идеално засилување за својот тим.
Француските медиуми тврдат дека ПСЖ по секоја цена сака да му ја исполни желбата на својот тренер и веќе спремиле понуда од 40 милиони фунти.
Лалана пристигна на „Енфилд“ во 2014 година од Саутемптон за сума од 25 милиони фунти и ова е одлична можност „црвените“ добро да заработи на негов трансфер, но сепак последниот збор ќе го има Јирген Клоп.
Тешко е да се поверува дека Ливерпул ќе го пушти Лалана бидејќи Клоп на таа позиција сака додатно да се засили во битката за титулата во Премиер лигата.