Home Спорт ПСЖ помирени со фактот дека Мбапе заминува во Реал Мадрид

ПСЖ помирени со фактот дека Мбапе заминува во Реал Мадрид

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи веќе се помирил со фактот дека суперѕвездата Килијан Мбапе на лето ќе се пресели во Реал Мадрид, тврди „Марка“.

Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот на сезоната и тој веќе има комплетен договор со „кралевите“, па ќе се пресели во Мадрид како слободен играч.

23-годишниот Французин беше најдобар во победата над Реал Мадрид и ги приближи „светците“ до четвртфиналето од Лигата на шампиони.

ПСЖ направи се за да го убеди да стави потпис на нов договор, но Мбапе веќе донел конечна одлука.

Се очекува Мбапе да биде промовиран за нов играч на Реал Мадрид веднаш по завршувањето на сезоната.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…