Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул во зимскиот преоден рок ќе тргне во нова офанзива по дефанзивецот на Саутемптон, Вирџил ван Дијк.
Ван Дијк беше главна трансфер цел на Ливерпул уште во текот на летото, но тогаш „црвените“ не успеаа да го донесат на „Енфилд“. Тоа се покажа како лош потег за сите три страни, Холанѓанецот не игра добро оваа сезона, а „црвените“ имаат проблем во одбраната.
Од Саутемптон бараат 70 милиони фунти за стоперот, сума која наводно Ливерпил е спремен да ја плати.
Двата тима излегуваат еден против друг на „Енфилд“ во сабота, а вчера менаџерот на „светците“, Маурисио Пелегрино призна дека не може да гарантира дека Ван Дајк ќе биде во клубот и по затворањето на зимскиот преоден рок.
„Не знам. Не можам да го контролирам пазарот. Кога зборуваме за пари, секој има цена. За да привлекуваш играчи, треба да имаш буџет, а големите клубови ги имаат потребните пари за да се обидуваат да купат“, изјави Пелегрино.
Доколку се реализира овој трансфер тогаш ќе биде срушен светскиот рекорд и Ван Дијк ќе стане најскапиот дефанзивец на сите времиња.