ПСЖ и Милан во битка за потписот на Паредес


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот за врска на Зенит и аргентински репрезентативец, Леандро Паредес сигурно ќе биде „жешко“ име во зимскиот преоден рок.

За Паредес силен интерес покажува Милан од поодамна, но сега во трката за неговиот потпис се вклучи и Пари Сент Жермен.

Аргентинецот не е среќен во Русија и сака да ја промени средината уште во јануари, а Зенит за неговата слобода бара 30 милиони евра.

Милан и ПСЖ се спремни да понудат 25 милиони евра за играчот, кој според последните информации преферира да се врати во Италија.

Меѓутоа, „светците“ се спремни да му понудат поголема плата, како и играње во Лигата на шампиони, па останува да видиме кој ќе ја добие битката за неговиот потпис.