ПСЖ го „украде“ пред носот на Јунајтед: Ѕвездата на Бенфика стана „светец“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако се чинеше дека е на чекор до Манчестер Јунајтед, сепак ѕвездата на Бенфика Гонзало Гуедеш заврши во Пари Сент Жермен.

Францускиот шампион ја победи конкуренцијата и плати 30 милиони евра за „новиот Роналдо“ кој денес треба да стигне во Париз на медицински прегледи и официјално да стави потпис на договорот.

Гонсало Гуедеш е член на Бенфика уште од деветгодишна возраст, на 18 години дебитираше за првиот тим, а нешто подоцна стана и најмлад стрелец во историјата на овој клуб во Лигата на шампионите.

Изминатите денови медиумите пишуваа за силен интерес од страна на Манчестер Јунајтед, но ПСЖ успеа да го „украде“ играчо пред носот на „црвените ѓаволи“.

Гуедеш е второ засилување за ПСЖ оваа зима, откако „светците“ претходно го купија Јулијан Дрекслер за 40 милиони евра.