Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Француските медиуми пренесуваат дека Пари Сент Жермен е спремен да го продаде Анхел ди Марија и веќе му кажале на Аргентинецот да си бара нов клуб.
Аргентинскиот фудбалер речиси сигурно ќе биде продаден до крајот на летниот трансфер прозорец, ако се најде тим кој ќе биде подготвен да плати за него 30 милиони евра.
Оваа сума е навистина мала, ако се знае фактит дека само пред една година Пари Сен Жермен бараше 80 милиони евра од Барселона за Ди Марија и одбиваше понуди во висина од 50 милиони евра.
Наполи е фаворит за потписот на Ди Марија. Аргентинскиот фудбалер е силно посакуван од тренерот Карло Анчелоти, кој сака да го засили својот тим со играчот кој одлично го познава.