Спорт

ПСЖ го договори првото засливање за следната година?

Пари Сент Жермен беше елиминиран од Лигата на шампиони уште во осминафиналето, па раководството на „светците“ веднаш почна да работи на засилување на тимот за следната сезона.

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ покажува сериозен интерес за играчот на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини. Договорот на Белгиецот со „црвените ѓаволи“ завршува на крајот на сезоната, а ПСЖ му нуди четиригодишен договор тежок 4,5 милиони фунти по сезона.

Медиумите тврдат дека агентот на Фелаини наскоро ќе седне на преговарачка маса со челниците на ПСЖ за да ги договори последните детали од соработката, па Белгиецот најверојано ќе се пресели во Париз како слободен агент.

Фелаини оваа сезона не добива голема минутажа кај Жозе Мурињо и одигра само 12 меча во Премиер лигата, па поради тоа одлучи да го напушти „Олд Трафорд“.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top