ПСЖ даде зелено светло – Матуиди може да си оди!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Како што пренесуваат француските медиуми Блас Матуиди добил зелено светло и може да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната.

Матуиди минатото лето сака да ја промени средината бидејќи имаше понуда од Јувентус, но ПСЖ не сакаше да слушне за негова продажба и го задржа во тимот.

Оваа сезона и двете страни не се среќни од соработката, па „светците“ нема да му понудат нов договор и се спремни да му ја отворат излезната врата на крајот на сезоната.

Најсилен интерес за францускиот репрезентативец покажуваат Јувентус и Арсенал, но најверојатно во траката за неговиот потпис ќе се вклучат и други европски гиганти.

Договорот на Матуиди со ПСЖ истекува во 2018 година, па поради тоа неговата цена во моментов изнесува околу 20 милиони евра.