Психолошко објаснување: Зошто сендвичите ни се повкусни кога ќе ги направи некој друг?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Дали некогаш сте се фатиле себеси како си признавата во мислите дека храната ви била повкусна бидејќи ја подготвил некој друг, а не самите вие.

Ако одговорот ви е позитивен (а многу веројатно дека е), тогаш прочитајте како овој феномен го објаснува за New York Times познатиот психолог Даниел Канеман.

Додека го подготвувате вашиот сендвич, размислувате за тоа каков ќе биде неговиот вкус подоцна. А кога подолго време размислувате за одредена храна, станувате „помалку гладни“ за тој посебен вид на јадење. Доаѓа до некој вид на заситување, пример кога луѓето ќе изедат десерт откако веќе не можеле повеќе да каснат ниту едно парче месо од јадењето. Кога друга личност ќе ни го направи сендвичот, истиот „не е однапред консумиран“ на таков начин.

И истражувачите од Carnegie Mellon University веруваат дека ако гледаме извесно време како се прави сендвичот, тој ни станува помалку необичен и со самото тоа помалку посакуван. Сличен феномен се појавува и кога долго сме изложени на одредена храна, пример – петтиот залак чоколадо е помалку вкусен од првиот (за ова и не сме баш сигурни, ама добро 😉 😀 ).

Тоа го докажуваат и со серија експерименти. Колку повеќе учесниците во експериментите го замислувале јадењето на одредена храна, помала била веројатноста дека подоцна навистина и ќе ја изедат истата.