Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со отприлика седум грама протеинин, јајцата се најздравиот начин да го започнете денот – освен ако не ги пржите со премногу масло.
Дури не е ни толку до количината, колку до видот на маслото со кое ги пржите јајцата. Наместо растително и сончогледово масло, се препорачува да користите маслиново масло за пржење на јајца. Освен што прженото јајце ќе биде со идеална текстура, преку него ќе се дозирате со сите потребни антиоксиданси кои му се неопходни на вашето тело.
Многу претходно направени истражувања покажаа дека растителните масла се исклучително штетни за здравјето ако во нив се пржи храна, бидејќи во текот на тој процес се ослободуваат отровните хемиски алдехиди.
Иако маслиновото масло се смета за растително масло, истражувањта покажаа дека неговото загревање создава помалку алдехиди, отколку останатите растителни масла. Во маслиново масло идеално ќе испржете јајца и поради тоа што истото ослободува помалку чад и побрзо се загрева, пишува Brit+Co.
Сепак, некои луѓе избегнуваат да пржат јајца со маслиново масло поради неговиот интензивен вкус кој брзо се впива во јајцата. Но, експертите велат дека тоа, во суштина, го збогатува вкусот на јајцата и му дава фина арома, а вашиот доручек е далеку поздрав.