Првомајскиот продолжен викенд без карантин и забрана за движење


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Со најновата одлука донесена на денешната владина седница, Владата одлучи дека на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот до 14 часот.

Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот следниот ден, соопштија од Владата.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.