Прво засилување за Карло: Во Наполи пристигнува Хрват од Мадрид


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи е на добар пат да го комплетира првото засилување за следната сезона, а станува збор за десниот бек на Атлетико Мадрид, Шиме Врсаљко.

Врсаљко е веќе подолго време на радарот на Наполи, а хрватскиот репрезентативец веќе постигнал договор со наполитанците и е спремен да се врати во Италија.

Последните информации од Апенините тврдат дека Наполи и Атлетико Мадрид веќе постигнале договор и трансферот ќе „тежи“ 25 милиони евра плус бонуси.

Недостасуваат само уште да се договорот некои детали меѓу играчот и Наполи околку годишните примања, но медиумите се оптимисти дека трансферот ќе се реализира пред Мундијалот.