
Школувањето на Билјана Јевтиќ било многу интензивно, со оглед на тоа што веднаш по училиштето одела на нива да работи.
Пејачката Билјана Јевтиќ има музичка кариера долга неколку децении, но нејзиното детство било сосема поразлично.
Таа е во среќен брак со пејачот Александар Аца Илиќ од 1989 година, односно 36 години, па може да се каже дека повеќе од половина живот го поминала со него. Имаат син Иван.
Родена е во местото Грејач, кое се наоѓа помеѓу Ниш и Алексинац, а од почетокот на 80-тите години живее во Белград.
Пораснала во големо семејство, во куќа која имала само две простории. Тука живееле нејзините родители, пет години помала сестра, баба, дедо, стрико и уште неколку постари членови на родот.
Сепак, Билјана истакнала дека имала многу убаво детство.
Наутро одела во училиште, а попладне помагала на родителите во куќата или на нивата. Иако таквиот начин на живот бил напорен, Билјана вели дека ништо не ѝ било тешко и дека секогаш наоѓала време да учи или да го поминува времето со врсниците.
„Што сè не сум работела… Понекогаш татко ми ме нервираше кога не будеше во пет наутро за да ги завршиме сите земјоделски работи. Имавме големо имање, живеевме од тоа. Станувавме многу рано и скоро до 23-та година работев, без разлика што одев во средно училиште“ – рекла Билјана.
Била одличен ученик во основното училиште, по што запишала Средно електротехничко училиште во Ниш. Тука почнала да пее во културно-уметничкото друштво.
По завршувањето на средното училиште запишала факултет во Ниш. Меѓутоа, ѝ се укажала можност да пее на натпреварот „Прв глас на Србија“ како претставник на Радио Ниш. Ја искористила таа можност и останатото е историја – започнала нејзината пејачка кариера.
На почетокот на месецов, мајката на Билјана Јевтиќ почина. Пејачката ја доживувала како најголема потпора во животот и за таа загуба не може да зборува јавно.