Славни

Прво селфи на Брендон и Бренда 19 години после завршување на „Беверли Хилс 90210“

Иако од завршувањето на своевремено (а веруваме и денес) култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“ поминаа речиси 20 години, популарноста на омилените актери со кои пораснаа многу генерации не згаснува и денес. Тие повторно се најдоа во центарот на медиумското внимание и интересот на пошироката јавност откако започна снимањето на нови епизоди од серијата.

Обожавателите на оваа серија со нетрпение очекуваат да видат што ќе се случува со возрасните верзии на омилените ликови, а актерите преку социјалните мрежи, на нивна голема радост, ги споделуваат заедничките моменти од снимањето на новите продолженија.

Откако на почетокот од овој месец Дона, Кели и Андреа споделија заедничка фотографија во костими за капење, многумина се запрашаа каде е Бренда. А сега, актерката Шенон Доерти, одлучи да долови и еден носталгичен момент со Брендон.

На Инстаграм таа објави селфи со Џејсон Присли, кој во серијата го глумеше нејзиниот брат близнак Брендон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) on

„Близнаците се вратија“, напиша меѓу другото во објавата Шенон. Истата доби над 230.000 допаѓања, а нејзините Инстаграм следбеници не ги криеја воодушевувањата во коментари.

„Оваа фотка е сè, како одново да имам 13 години“, „Го обожавам ова, понекогаш навистина можеш да се вратиш дома“, „Ова многу го усреќува тинејџерот во мене“, „Со години чекав на оваа средба“, „О Боже, близнаците се вратија во градот“ беа само некои од коментарите.

Инаку, премиерата на новите продолженија е најавена за 7 август оваа година, а како што пренесува Fox, епизодите ќе бидат инспирирани од вистинските животи на актерите.

Имено, тие во новите продолженија би требало да ги глумат разработените верзии на самите себе, а дејството ќе биде базирано на нивните реални животни и односи.

Advertisements
To Top