Прво од СДСМ, сега и од ВМРО-ДПМНЕ: Двајца пратеници позитивни на Ковид-19 ќе гласаат во четврток со скафандери во Собрание


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Координаторот на пратениката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ангелина Петковска се позитивни на ковид-19, потврдува за тв 24, Мицевски. Тој во изјава вели дека се чувствува добро и нема ништо неизвесно во однос на неговото и гласањето на Петкова за недоверба на владата.

„Имајќи го в предвид протоколот кој беше донесен од ЦЈЗ, а применто во Собранието во едно претходно гласање, нема ништо неизвесно во однос на нашето присуство и гласање. Ако се сеќавате, имаше и кривични пријави кои беа отфрлени и беше констатирано дека се е во ред.“ – изјави Мивевски за тв 24.

Мицевски се повикува на случајот кога двајца пратеници на СДСМ позитивни на ковид-19, гласаа во Собранието во скафандери, а јавното обвинителство ја отрфли пријавата, констатирајќи дека била запазени протоколите.