Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Легендарниот Бразилски напаѓач, Роналдо во 2002 година пред почетокот на Светското првенство се појави со несекојдневна фризура која најпрво ја исмејуваа, а потоа стана хит во целиот свет.
15 години подоцна, популарниот „Феномено“ сега реши да открие што всушност се криело зад неговиот потег да излезе со стајлинг кој ќе ја шокира јавноста.
„Пред стартот на Светското првенство, јас имав голем проблем со препоните. Препоните навистина ми претставуваа голема болка и на првенството пристигнав само 60% подготвен за игра. Затоа решив да ја избричам главата и да оставам само еден дел коса напред“.
„До тој момент сите зборуваа за тоа во каква состојба сум и колку е незгодна мојата повреда. Кога пристигнав на тренингот со лудата фризура, сите престанаа да зборуваат за повредата“, откри Роналдо.
Тоа на крајот се покажа како вистиски потег на Роналдо, кој стана најдобар стрелец на првенството, а фризурата стана апсолутен хит во светот.