Прво место за македонските танчерки на Светското првенство во танц


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златен медал за девојчињата од групата „Џуџиња“ од Македонија, на првиот ден од танцовиот натпревар, во категоријата латино шоу, во рамки на Светското првенство во танц кое се одржува во Атина.

Освен злато, македонските танчерки, јуниорки од групата Austin Powers, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.

„Браво. Ова е најголем успех за нас, а и за Македонија чија химна ечеше во срцето на Грција“, напишаа на својот фејсбук-профил од танцовото студио Eat The Beat, во кое членуваат македонските танчерки, кои, ги освоија првото и третото место во светот.

Македонските танчерки, јуниорки од групата „Austin Powers”, го освоија третото место во латино шоу, во огромна конкуренција од 29 групи во светот.

„Пресреќни сме на овој наш успех. Се подготвувавме за овој натпревар, и навистина успеавме да покажеме дека сме најдобри. Продолжуваме понатаму, со исто темпо во категориите соло и дуо“, ни изјави Сандра Георгиев, дел од тимот кој настапува на Светското првенство во Латино Шоу и Синхро Денс 2017 во Атина.