Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од 4 до 28 овој месец, оваа година во Скопје ќе се одржи првото издание на фестивалот „Summerland”.
Во Градски парк, со главна бина на Школка, секојдневно ќе има музичка програма и забавни активности за сите возрасти.
Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во рамки на фестивалот ќе има и Fun зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини…
Отворањето на „Summerland” е в четврток, а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00 до 00:30. Летната забава на Школка, в четврток ќе почне со групата „Нокаут. В петок ќе настапат ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, а в сабота и недела ќе има странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.
Фестивалот „Summerland” е под покровителство на Град Скопје.