Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во околината на Прилеп, на падините на планината Бабуна, под моќниот Козјак, за крај на август се најавува едукативно-забавен настан, тродневниот „Плетвар Аутдор Фестивал“ кој ветува многу позитивна енергија, дружење, едукација, забава и „полнење на батериите“ во природа.
Инспирирани од успешниот Отворен ден на СК Златоврв и ИО Феникс, овој пат со огромна чест и задоволство ви го претставуваме Pletvar Outdoor Festival 2020 кој ќе се одржува од 28 до 30 август 2020 во околината на селото Плетвар!
Целта на настанот е возбудлива авантура за СИТЕ возрасти, запознавање со околината на Прилеп, дружба меѓу љубителите на планината, подобрување на веќе стекнатите вештини во природа, размена на искуства и стекнување на нови знаења!
Некои од активностите кои ќе имате можност да ги искусите се:
– искачување на врв Козјак (1747м) и посета на пештерата Дуова,
-кратка планинарска тура за почетници,
– велосипедска тура,
– слеклајн, стреличарство, игри во природа и скриено богатство за најмалите,
– Сини часови јога,
– качување и спуштање со јаже, планинско трчање итн.
Настанот е организиран во согласност со сите препораки и протоколи од влада за заштита од Ковид-19 и поради тоа ве замолуваме да ги почитувате мерките за превентива – држење растојание, носење маски, често миење раце, дезинфекција и сл.