Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актерката Бригит Нилсен на 54-годишна возраст по петти пат стана мајка, при што за прв пат во својот живот роди ќерка.
Актерката, модел, пејачка и риалити ѕвезда и нејзиниот 39-годишен сопруг, Матија Деси, споделија дека нивната ќерка, Фрида, се родила во Лос Анџелес и тежи 2.9 килограми. Ова е петтото дете на Бригит, но нејзината прва ќерка.
Ѕвездата беше сопруга на Каспер Виндинг, Силвестер Сталоне, Себастијан Коупленд и Раул Мејер.
Од нејзините бракови и претходни врски, Бриџит Нилсен има четири сина. Најстариот од нив, Џулијан, има 34 години, а најмладиот, Раул Џуниор – 23 години.
Нилсен се омажи со Деси во 2006 година. Таа ја објави својата поодмината бременост, додека на Instagram и Твитер сподели слики покажувајќи ги рацете на нејзиниот отечен стомак.