Прво благо опаѓање на новозаразени од коронавирусот во едно деноноќие


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според статистичките податоци за актуелната состојба на новозаразени лица во едно деноноќие, за периодот од саботата до неделата изминатиот викенд беше забележано благо опаѓање на таа цифра, кога беа регистрирани 98 случаи, од вкупно 1253 тестирања. Надлежните сепак повторно испратија апел граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство, вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.791. Бројот на оздравени пациенти е 13.184, а на починати е 648.

Скопје останува како град со најмногу заболени лица со Ковид-19. Во однос на скопските општини, најмногу новозаболени во текот на вчерашниот ден повторно беа регистрирани во Чаир, а потоа следуваат Гази Баба и Аеродром.

Според податоците на Министерството за здравство, вчера во Чаир беа регистрирани 52 случаи, во Гази Баба 76, Аеродром – 97, Карпош – 68, Центар – 75, Кисела Вода – 55, Ѓорче Петров – 27, Бутел – 35, Шуто Оризари – 12, Студеничани – 10, Сарај – 17, Арачиново – 8, Илинден – 12, Сопиште – 3, Чучер Сандево – 2, Петровец – 4 и Зелениково – 1.

Надлежните испратија апел да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, да се носи маска, да се држи дистанца и да се дезинфицираат рацете.