Прво бебе за Ирина Шајк и Бредли Купер – на лепотицата ѝ дадоа француско име


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Славниот љубовен пар Ирина Шајк и Бредли Купер, неодамна станаа родители на нивното заедничко првенче, поради што строго ја чуваат приватноста од јавноста. Но, на медиумите не им требаше долго време за да го откријат полот и името на нивното прво чедо.

Нивното девојче доби француско име и ќе се вика Леа де Сејн Шајк Купер, пренесува E! Online. Ирина и Бредли наводно се прошетале низ Лос Анџелес во друштво на нивниот нов семеен член кога нивната тајна излегла на видело.

Сепак, медиумите добро ќе се намачат додека да добијат фотка од нивното девојче.

Тие двајца се заедно од мај, 2015 година, откако Ирина раскина со фудбалерот Кристијано Роналдо. Откако манекенката ќе се врати во топ форма, тие двајца би требало да застанат и пред олтар, пишуваат медиумите.