Научна реалност

Првиот вселенски стакларник на Антартик, овошјето ќе расте без земја и дневна светлина

Научниците од Германскиот вселенски центар (DLR) започнаја со монтажа на напреден стакларник на Антартик. Функцијата на овој стакларник е да одговори на прашање дали може да се одгледуваат билки во вселената.

Првото семе ќе се посее на крајот од февруари. Стакларникот на замрзнатиот континент стигнал со брод, а потоа специјални возила за снег го одвлекле уште 20 километри.

Но, најважно е она што е внатре, овошје и билки кои научниците веруваат дека ќе растат без земја и дневна светлина. „Ќе поставиме полици, пумпи за хранење и специјални LED осветлувања за оптимално да бидат осветлени“, вели Дание Шуберт, директор на проектот.

Се работи за проект на Европската унија која има за цел да одгледа свежа храна за истражувачите на вселената на долги мисии.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top