Првиот тркачки Голф „Кец“ оди на аукциска продажба


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Легендарното возило Фолксваген Голф на патиштата е повеќе од 45 години, и за тоа време влезе во најтесниот круг на најпродавани модели на сите времиња со над 35 милиони испорачани примероци.

Вљубениците во овој автомобил имаат своја омилена генерација, а за многумина тоа е оригиналниот Голф Еден (познатиот „Кец“).

Кога се појави првата генерација на голфот во 1974, со дизајнот потпишан од легендарниот Италијанец Џорџето Џуџаро претставуваше целосна спротивност на тогашниот бестселер на Фолксваген – бубата, и по обликот на каросеријата и од аспект на механичката концепција.

Заоблените линии на бубата ги замени коцкестиот облик на Голфот, наместо воздушно ладениот мотор поставен одзади новиот продажен адут на Фолскваген доби водено ладен мотор во предниот дел на возилото, а и погонот од задните беше преместен на предните тркала.

Само една година по премиерата беше направен црвениот примерок на фотографиите, прилагоден за тркачата патека.

Дебито беше впечатливо, имајќи предвид дека овој Голф го освои првото место на трката на славниот Хокенхајм. Зад воланот беше Бернд Лилер.

Возилото преживеа до ден денес и е во извонредна состојба. Фановите на голфот и колекционерите наскоро ќе можат да се натпреваруваат за него на аукцијата која ја организира Сотби.

Под хаубата на овој Голф „кец“ се наоѓа 1,8-литарски 4-цилиндерски мотор со 175 коњски сили.

Освен тоа, автомобилот има и специјална тркачка амортизација, карбуратор вебер 45 ДЦОЕ, специјални ББС тркала и тркачки сопирачки.

Единствениот Голф бил темелно реаставриран во Фолксваген во 2011 година, и затоа е во олку добра состојба.