Првиот Сик кој со турбан учествуваше на кралската парада бил позитивен на кокаин


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чаранпреет Синг Лал, првиот Сик кој за време на традиционалната кралска парада носеше турбан, би можел да биде избркан од војската бидејќи на тестовите на кои бил подложен испаднал позитивен на дрога од типот А, пренесува Daily Mail.

„Тоа е срамно однесување. Сега одлуката за негово исфрлање од војската е во рацете на неговиот командант. Меѓутоа, секој кој има врска со дрога и е фатен, може да очекува дека ќе биде отпуштен“, вели извор за медиумите и додава дека сите биле шокирани од ситуацијата во која ги довел Лал.

Освен Лал, уште двајца војници наводно паднале на истиот тест.

„Можам да потврдам дека неколку војници од гардата Coldstream се под истрага поради наводна злоупотреба на дрога“, изјави бригадирот Кристофер Колс.

Лал влезе во историјата на Велика Британија пред неколку месеци, кога на кралската парада „Trooping The Colour“, во која учествуваа 1.400 војници, 200 коња и 400 музичари, носеше турбан.

„Голема чест ми беше што сум првиот Сик кој носеше турбан на оваа парада и што сум дел од придружбата. Многу сум горд“, изјави тогаш Лал.

Тој во Велика Британија се доселил како дете, а во британската војска стапил на служба во 2016 година.