Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Секој прв пат со нов дечко или авантура за една ноќ може да ви се чини како прв пат воопшто да имате секс во животот.
Сета се тресеш, ти се потат дланките, а имаш чувство дека главата ќе ти експлодира од прашања, очекувања и разни други мисли?
Да, така некако изгледаат моментите пред првиот секс со нов партнер. Иако овие пропратни појави можат да бидат доста стресни, тие се нормални и вообичаени, бидејќи секој прв секс со некој нов тип е како прв секс во животот воопшто, нели?
Знаеме дека во тие мигови многу нешта ви се мотаат во глава, но еве на што треба да се фокусирате за сето тоа уживање да помине супер и за вас и за него.
1. Ослободете се од предрасудите
Сексот не е натпревар и за време на истиот не треба да се држите до некои правила, особено кога станува збор за секс со нова личност. Важно е да знаете што ве пали, што ви е пријатно, а што не и да се подготвени да пробувате нови работи.
Многу девојки прават кардинални грешки во сексот, а и во животот генерално, не знаејќи да бидат присутни во моментот и да уживаат во истиот. Кога сте балансирани и самоуверени во сопствена кожа, партнерот тоа може да го забележи, па и ако не се познавате долго.
2. Слушај го и следи го говорот на неговото тело
Секако дека не можеш веднаш да знаеш што го пали твојот нов партнер, затоа е добро да го запознаеш, барем на некое основно ниво. Поставувај прашања, слушај го и следи ги неговите движења, потези, погледи, однесување. Од тоа можеш многу да извлечеш.
3. Забави
Тешко е да се воздржиш кога страста ќе ти ја зоврие крвта, но понекогаш треба да се забави и тоа од погоре споменатите причини – уживање во моментот. Разговарајте, галете се, грицкајте се, бакнувајте се, правете сè што ви е убаво и на едниот и на другиот. Не треба сè да заврши со оргазмот.
4. Користете лубрикант и секс играчки
Можеби тоа на девојките не им паѓа на памет, но лубрикантот е одличен секс додаток, не само поради тоа што обезбедува дополнителна влажност, туку и заради разни игри. Само се надеваме дека твојот нов партнер нема „а приори“ да ги одбие сите овие работи. Нема да знаеш додека не пробаш.
5. Посвети се на неговата машкост
Кога прв пат имаш секс со некој нов, не знаеш што те чека таму долу. Твоја најважна задача е да му покажеш дека го посакуваш и да му посветиш целосно внимание. Само, не заборавај и на другите делови од телото освен пенисот.
6. Не се фокусирај само на своите гениталии
Користи раце, уста, нозе и сето она што ќе ти падне на памет за себеси и нему да му овозможиш цеосно задоволство. Исто така, биди активна и немој само да лежиш, бидејќи тоа нема да му се допадне.
7. Прифати го тоа што се случува
Независно дали сексот е одличен, среден или лош, така стојат нештата и прифати го тоа. Немој одма да паничиш ако испадне тоа последното, бидејќи можеби и него го мачи трема, па не покажал сè што умее и знае.
Во секој случај – УЖИВАЈТЕ, пред сè.