Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Првиот приватен весник во независна Македонија, Дневник, од утре нема да се печати. Оваа одлуката денеска на вработените им ја соопштил Александар Динев, поранешниот директор на МПМ.
Освен Дневник, се укинуваат и порталите Вест, Утрински весник и Телеграф. Со оваа одлука на менаџментот околу стотина луѓе од компанијата МПМ остануваат без работа.
Дневник беше првиот приватен дневен весник и почна да излегува на 20 март 1996 година. Негови основачи беа новинарите Бранко Геровски, Сашо Дамовски и Миле Јовановски.