Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Прототип на кабриолет верзијата Porsche 911 од 1964 година ќе биде понуден на продажба на аукцијата што на 8 февруари ќе се оддржи во Париз. Се очекува автомобилот да достигне цена од милион евра.
Компанијата Porsche денеска на пазарот нуди неколку кабриолети верзии, како и Targa варијанта на својот легендарен модел „911“, но овој автомобил на почетокот не беше достапен во варијанта со отворен покрив.
Првиот кабриолет беше прототипот со ознаката „901“, а единствен од преостанатите сочувани примероци е токму автомобилот прикажан на фотографијата.
Во текот на развојот, во периодот од 1963-1964 година, изработени биле вкупно 13 прототипови со фабричката ознака „901“, а преживеале само два – еден во купе верзија и овој единствен кабриолет што ќе се појави на февруарската аукција во Париз.
Прототипот на кабриолетот го поплочи патот за првиот Porsche 911 Targa, од 1967 година, а потоа и до класичниот кабриолет што беше претставен во 1982 година.
Поради својата ексклузивност, но и историско значење, се очекува овој автомобил да достигне цена меѓу 850.000 и милион евра.