Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Соња Савиќ и Раде Шербеџија беа најголемите ѕвезди во Југославија пролетта 1984 година, кога во кино салите стигна филмот „Уна“ од режисерот Мишо Радивојевиќ, направен според истоимената книга од Момо Капор.
Конзервативците од бивша Југославија филмот веднаш го етикетираа како прв „мек порнич“ поради експлицитните секс сцени, а голото тело на Соња Савиќ предизвикуваше силни реакции ширум бившата федерација. Тогаш 23-годишната актерка веќе имаше зад себе серија големи филмски улоги и награди, а улогата во „Уна“ на закити со статус најсекси девојка во државата, иако според многумина „немала такви атрибути“.
Филмот „Уна“ е приказна за љубовната врска на студентката Уна Војводиќ и професорот Мишел Бабиќ кој од неа е повозрасен 24 години. Нивната приказна почнува така што Уна, студентка на социологија на мас медиуми, сака да направи интервју со најпопуларниот професор на факултетот, а во меѓувреме добива упатства од управата на факултетот да ги снима нивните разговори за Бабиќ што побрзо да се мафни од факултетот бидејќи „со своите предавања ја труе младината и го буди во нив анархолибералниот дух“.
„Уна“ приказна за „индивидуалците во системот“, за климактеричните комплекси, за Електра комплексот на осаменост кај Уна, за женската љубомора, за судирите на две генерации. Наводите за порно елементите ги коментираше и Савиќ во интервју во 1984 година.
„На филмот му е закачена етикета не само дека е мек порнич, туку дека е и порно филм, но мене тоа не ме возбудува премногу. Луѓето погрешнмо ги поставуваат нештата и говорат непрецизно. Се знае што е мек порнич и што порно филм и за каква цел се прават. Уна ги има ти е пет-шест еротски сцени, но во филмот се зборува за распадот на меѓучовечките односи, а сексот е рамнодушен и агресивен. Тоа е поради уморот на машкиот лик и неискуството на женскиот“, изјави Соња и додаде дека нејзините родители немаат ништо против разголувањето на филм.
Интересно е што во сите секс сцени во „Уна“ до крај се разголуваше само Соња Савиќ, а Раде Шербеџија цело време остануваше во облека. Многумина мислеа дека актерот не сака да се слече.
„Тука и Момо Капор и режисерот на филмот сакаа да ја покажат разликата меѓу генерациите, една која лесно се раслекува и води љубов и друга кај која тоа оди малку потешко. Шербеџија дотогаш на филм имаше направено речиси сè, и верувајте ми, тоа што професорот не се разголува во филмот нема никаква врска со Раде“, објасни Савиќ.