Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Оумуамуа е прв меѓуѕвезден посетител на Сончев систем кој го открија научниците и истражувачите од Земјата и тврдат дека е прекриен со органски слој.
Оумуамуа се најде во центарот на вниманието на научната фела уште првиот пат кога беше забележан во октомври, а што повеќе детали за него се откриваат тоа поинтересен станува, пишува Индепендент.
Се уште не се знае што е точно Оумуамуа, од каде доаѓа и од што е направен. Научниците имаа релативно малку време да го проучат објектот додека поминуваше покрај нашиот Сончев систем, а сега продолжуваат со анализа на собраните податоци.
Пред доаѓањето на Оумуамуа, научниците сметаа дека посетителите како него ќе изгледаат повеќе како комети додека летаат низ Сончевиот систем. Такви објекти би биле составени од мраз и би оставале зад себе видлив траг во моментот како жешки ѕвезди.
Сепак, кога Оумуамуа прв пат прелета покрај Сонцето, зад себе не остави никаков траг. Истражувајќи ги собраните податоци, научниците заклучиле дека, сепак, се работи за ледено тело, но дека тоа е прекриено со органска материја, која ја штити заледената вода од сончевите зраци.
„На крајот ова е добар резултат, бидејќи цело време очекувавме дека поголемиот број од објекти кои го посетуваат нашиот Сончев систем да бидат од мраз“, рече Алан Фицсимонс од Универзитетот во Белфаст и водечкиот автор на една од двете главни студии за Оумуамуа.
„Тоа што не загрижува е фактот дека изгледаше како карпа. Нашите истражувања покажаа дека објектот може да биде по природа леден, но не детектиравме никаков мраз поради фактот дека стотици милиони години е печен од енергетско зрачење помеѓу ѕвездите“, додаде тој.
Сепак не е сигурно дека Оумуамуа воопшто има мраз, бидејќи заклучокот на трудот на професорот Фицсимонс говори дека таа можност не може да се исклучи. Тоа е бидејќи објектот е прекриен со необични органски материи, а научниците може да го видат само најтенкиот надворешен слој, кој е проучуван со спектарскоп, кој ја набљудува одбиената светлина и ја дели на бранова должина.
Истражувајќи ги тие мерења, научниците можат да заклучат од што е составен објектот.
„Набљудувајќи го сфативме дека е ледените објекти, изложени на меѓуѕвезданата вселена, природно формираат тврда кора околу себе“, рече професорот.
„Октривме дека таа кора треба да го изолира мразот внатре“, за да не го изгуби својот облик.
Научниците подолго време претпоставуваат дека нас повремено не посетуваат камења исфрлени од други делови на вселената.
Знаеме и дека значителен број на комети и астероиди се исфрлени од Сончевиот систем кога тој се формирал и може да се претпостави дека иста работа се случила и на други планетарни системи. Сепак, до сега ниту еден не е забележан, бидејќи најесто се темни.
Проучувањето на овој објект нуди единствена можност за разбирање како се формирале други ѕвезди и како овие објекти се однесуваат со околината во меѓуѕвездената вселена.
Научниците дојдоа до интересни откритија, бидејќи објектот е необичен посетител и многу стар. Почетните набљудувања покажаа дека е црвен, но не може да се одреди која нијанса.
„Тоа што би сакале во иднина е навремено предупредување. Повеќе време значи и повеќе собрани податоци и поголема можност да сфатиме што може да научиме“, рече професорот.
„Би било супер доколку може да забележиме уште еден ваков објект и да утврдиме од кој дел на вселената доаѓа“.