Актуелно

Првиот ден од 2018 започна со сонце

Времето во земјата е претежно ведро, на места со мала облачност и студено.

По одделни котлини има појава на слаба магла. Најстудено утрово е во Скопје Петровец, Битола и Берово, со измерени температури од минус пет степени, -4 во Демир Капија, Куманово, -3 Скопје Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Струмица, -2 Кр. Паланка, Гевгелија, Претор, -1 Охрид, Лазарополе, 0 Маврово, Тополчани, Виница, 1 Дојран, Пожаране, 3 Крушево.

Во текот на денот се очекува да биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло, особено на повисоките места. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. По одделни котлини, вклучувајќи ја и Скопската, во претпладневните часови ќе се задржи слаба магла. Температурата ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје до 8 степени.

Утре ќе биде променливо облачно, рано изутрина и во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд. На повисоките планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, чиј правец кон крајот на денот ќе се промени во северен.

Во среда ќе биде стабилно, суво и постудено со северен ветер, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд и снег ќе има во четврток.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top