Првиот човек на УЕФА потврди: Играчите кои ќе играат во Суперлигата нема да имаат право на учество за репрезентациите


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Претседсателот на УЕФА, Александар Чеферин потврди дека играчите од Суперлигата нема да можат да играат за репрезентации.

Тоа значи дека играчите нема да можат да играат на Европско првенство и на Мундијал.

„Од овој момент УЕФА и фудбалскиот свет се обединети во борбата против себичниот проект инициран од неколку алчни клубови. Ќе се бориме против овој бесмислен проект. Играчите кои ќе играат во Суперлигата нема да можат да играат на Европско и Светско првенство“, изјави Чеферин.

Ова значи дека квалитетот на Европското и Светското првенство ќе биде значително ослабен, па и интересот кај публиката значително ќе се намали.