Првиот човек на МААЕ тврди дека е нарушен физичкиот интегритет на нуклеарната централа Запорожје


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, во изјава која ја даде синоќа апелираше дека физичкиот интегритет на украинската нуклеарна централа во Запорожје, која беше заземена од руските сили на почетокот на инвазијата врз Украина била нарушена.

„Физичкиот интегритет на централата е постојано нарушен“, рече Гроси по обиколката на централата и враќањето на територијата контролирана од украинските сили заедно со дел од тимот на МААЕ. Гроси рече дека неколку членови на тимот ќе останат во Запорожје до недела или понеделник за детално да ја проучат состојбата на електраната. Тоа е најголемата електрана во Европа, која беше цел на напади што ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа.

„Имаме многу работа овде за да анализираме некои технички аспекти“, рече тој, додавајќи дека МААЕ има намера „да воспостави континуирано присуство“ во централата, но не даде детали. Гроси рече дека за време на неколкучасовниот престој успеал да ја посети целата локација, реакторите, контролните соби, системите за итна интервенција и други простории. Шефот на МААЕ го пофали украинскиот персонал кој продолжи да работи по доаѓањето на руските сили и додаде дека персоналот работи во тешка ситуација, но исклучително професионално.