Првиот човек на ФИА тврди: „Со Шумахер заедно гледавме ГН на Бразил 2018“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Култниот Жан Тод, челниот човек на ФИА, со новите информации и тврдења кои ги изјави во јавност, ги разбранува страстите кај најверните и најпосветени обожаватели на еден од најдобрите пилоти во Формула 1, легендарниот Михаел Шумахер.

Откако доживеа опасна повреда со тешки последици при скијачката несреќа на Алпите во декември 2013 година, каде имаше фатален пад, Шумахер е во целосна изолација од јавноста поради. Денес, изолирано живее со своето семејство на нивниот имот во Швајцарија.

Претседателот на ФИА, Жан Тод во интервју за „Ауто Билд“ истакнал дека во друштво на Михаел Шумахер ја гледал на ТВ последната трка од годинешниот шампионат во Формула 1, трката за Големата награда на Бразил.

„Всушност, јас секогаш сум внимателен пред да кажам нешто за тоа, но вистина е дека годинашната трка за ГН на Бразил ја гледав во Швајцарија заедно со Михаел Шумахер“ – изјави Жан Тод во интервјуто за „Ауто Билд“.