Првиот човек на ЦИА до Трамп: Внимавај што зборуваш

U.S. Republican presidential candidate Donald Trump reads the lyrics of Al Wilson's song "The Snake" during campaign event at Grumman Studios in Bethpage, New York April 6, 2016 REUTERS/Carlo Allegri TPX IMAGES OF THE DAY - RTSDX7E

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шефот на ЦИА во заминување Џон Бренан побара од избраниот американски претседател Доналд Трамп да внимава што зборува и постира на социјалните медиуми, оценувајќи дека спонтаноста не е во интерес на националната безбедност.

Бренан рече дека зборувањето и твитањето не се опции за Трамп кој на 20 јануари ќе биде ианугуриран за 45 претседател на САД.

Спонатноста не е нешто што ги заштитува националните безбедносни интереси па затоа кога зборува или реагира треба да сфати дека импликациите и импактот врз САД би можело да бидат длабоки, рече Бренан во интервју за телевизијата Фокс. Тој исто така го предупреди Трамп во врска со руските интенции.

Во заедничко интервју за најтиражниот германски весник Билд и британскиот весник Тајмс оф Лондон претседателот на САД изјави дека Европската Унија станала возило за Германија, а дека по заминувањето на Велика Британија и други земји членки ќе изгласаат излегување од ЕУ. Како што тврди Билд, за Трамп Европската Унија е инструмент на германската доминација, креирана со цел да се победи САД во меѓународната трговија. Американскиот претседател, како што пишува германскиот весник, е прилично индиферентен дали Европската Унија ќе остане заедно.

Сметам дека Меркел направи катастрофална грешка, а тоа беше прифаќање на сите тие илегалци. Никој не знае од каде се тие дојдени. Затоа мислам дека направи катастрофална грешка, многу лоша грешка, истакна Трамп во интервјуто за Билд, во кое тој сепак искажува почит за германската канцеларка. Според него, Меркел се уште за него е еден од најважните политичари на светот и тој има голема почит за неа, но не може да каже дали сака да биде реизбрана по четври пат за канцеларка. Трамп во интервјуто рече дека лично не ја познава Меркел, но дека таа направила штета на Германија со приемот на бегалците, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Во врска со политиката кон Русија, Трамп за двата европски весници најави дека постои можност за укинување на санкциите кон Русија како дел од договорот за намалување на нуклеарното оружје.

Трамп е заинтересиран за добри договори со Русија и наместо санкции најавува соработка.

Тие (Администрацијата на Обама) имаа санкции кон Русија, ајде да видиме дали ние можеме да направиме некои добри договори со Русија. Мислам дека нуклеарното оружје треба да биде значително намалено, тоа е дел од договорите, изјави Трамп во заедничкото интервју, кое се водело на англиски јазик и траело околу еден час.

Зборувајќи за НАТО тој ги повтори критиките за Алијансата кои што ги искажа и во текот на кампањата за претседател на САД. Трамп смета дека транс- атланската воена алијанса е важна, но дека се соочува со проблеми.

НАТО е застарена, прво затоа што е создадена пред многу многу години. Второ, земјите членки не плаќаат колку што треба да платат, смета Трамп, според кого само пет членки на Алијансата го плаќаат својот дел од трошоците, а за него е проблем и тоа што НАТО не се занимава со борба против тероризам.