Првично, неофицијално: СДСМ вкупно 57, ВМРО-ДПМНЕ 5, ДУИ 11 градоначалници


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


СДСМ – 57, ДУИ – 11, ВМРО-ДПМНЕ – 5, Алијанса на Албанците – 3, ДПА – 1, Демократска партија на Турците – 1, Независни кандидати – 3. Вака изгледаат бројките од вкупниот број освоени градоначалнички места според првите неофицијални резултати од пребројувањето на гласовите.

Владејачките СДСМ и ДУИ оценија дека изборите биле фер и демократски и прогласија победа по гласањето на вториот круг од локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ не ги призна резултатите и постави седум услови, меѓу кои и предвремени парламентарни избори.

СДСМ прогласи победа на локалните изборите, ВМРО-ДПМНЕ не ги признава резултатите. Од ДУИ излегоа со слична оцена како нивниот владин партнер дека изборите биле демократски и граѓаните слободно ја изразиле својата волја. За опозициската БЕСА пак, изборната атмосфера била тензична. Една од партиите која ја сочинува Алијансата за Албанците, исто така, не ги призна резултатите.

Според податоците на ДИК од гласањето во вториот круг, СДСМ победи во 19 општини, ВМРО-ДПМНЕ во 2, ДУИ во 8, Алијансата за Албанците во три, а ДПА, БЕСА и Група избирачи во по една општина.