Први критики за „Joker“: „Се наежив од непотребното насилство“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Членовите на семејствата од жртвите кои беа убиени во 2012 година во кино салата за време на премиерата на филмот „Batman“, упатија писмено обраќање до Warner Bros бидејќи се загрижени заради насилството во новиот филмски хит „Joker“, повикувајќи ги сопствениците на компанијата да сде придружат на кампањата против огненото оружје.

Меѓу нив е и Сенди Филипс, мајка на убиената Џесика Гави (24), која вели дека ужасната од трејлерите за „Joker“. Таа и сопругот Лони се водачи на група која се бори против поседувањето огнено оружје.

„Кога ги погледнав трејлерите за филмот, бев апсолутно ужасната. Потоа малку истражував и дознав дека во филмот има толку непотребно насилство што се наежив поради тоа. Работиме со луѓе кои на некој начин биле жртви на огнено оружје, па едноставно ме лути што таква голема компанија воопшто не води сметка за јавноста“, вели Филипс.

Полноќната премиера на филмот „The Dark Knigth Rises“ во 2012 година во гратчето Аурора заврши како сцена на стравично злосторство. Нападот го изврши 24-годишниот Џејмс Холмс, маскиран како главниот негативец од филмот. Вооружен со автоматска пушка и два пиштоли, облечен во панцир и со гас маска на лицето упадна во една од кино салите, фрли солзавец и почна да пука по луѓето. Во овој злочин животите ги загубија 12 луѓе, а 70 беа повредени.

Актерот Хоакин Феникс, новиот Џокер, неодамна напушти едно интервју кога новинарот го праша дали е загрижен за можноста филмот да поттикне некои луѓе на насилство.

Во писмото од членовите на семејствата од жртвите стои дека ги шокираше тоа што Warner Bros Џокерот го претстави како херој во рамки на симпатична приказна за неговото потекло. Филмот ја следи транформацијата на Џокерот од ранлив осаменик до самоуверен негативец. Мрачната драма ја режираше Тод Филипс, а на веќе има освоено една престижна филмска награда – Златен лав на 76. Филмски фестивал во Венеција.

Потписниците на писмото не бараат филмот да се повлече, ниту да не се прикажува. „Сакаме на сите да им биде јасно дека го почитуваме вашето право на слобода на говор и слобода на изразување, но сите оние кои гледале некој филм за суперхерој, ќе ви кажат дека со големата моќ доаѓа и голема одговорност. Поради тоа ве повикуваме да го искористите вашето влијание и да ни се придружите во борбата за побезбедна заедница со помалку оружје“, пишуваат тие.