Home Наука и техонологија Први фотки од враќањето на легендата: Дали е ова новиот изглед на Nokia 3310?

Први фотки од враќањето на легендата: Дали е ова новиот изглед на Nokia 3310?

Ретро фановите на мобилните телефони неодамна ги израдува веста дека своевремено најпопуларниот модел на Nokia – 3310, се враќа на пазарот во помодерна верзија, но со стариот шмек и функции, а сега на интернет се објавени и првите фотографии од модернизираниот изглед и дизајн на легендата, кои многумина, сепак, ги сметаат за неверодостојни.

Според компанијата HMD Global, која ги откупи правата за користење на брендот од Nokia, новата верзија на Nokia 3310 ќе чини 59 евра. Телефонот најверојатно нема да биде смартфон, а ќе ги нуди истите опции како и неговиот оригинален предок – телефонски разговори, смс пораки и моќна, долготрајна батерија која ќе трае со денови.

Претставувањето на модернизираниот 3310 треба да биде на крајот од месецов, на Светскиот конгрес за мобилни телефони во Барселона. Тогаш и ќе дознаеме дали новиот изглед ќе биде ваков каков што е на фотографиите кои кружат деновиве на интернет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…