Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Реал Мадрид и Баселона одиграа натпрвар за паметење и покажаа дека се вистинака реклама за фудбалот. Голови, пресврти и на крајот Меси го замолкна „Бернабеу“ и ја остави жива трката за титулата.
Прв го отвори резултатот Реал Мадрид со голот на Каземиро во 28-та минута, за само неколку минути подоцна, Барселона да го врати ударот преку Меси, кој во фантастичен слалом, преку одбраната на Реал донесе израмнување.
Иако имаше многу шанси на двете страни мрежите мируваа се до 73-та минута кога Иван Ракитиќ со фантастичен удар и донесе предност на Барселона. Само четири минути подоцна Реал остана без Серхио Рамос кој после опасниот старт над Меси доби директен црвен картон.
Кога се чинеше дека Каталонците сигурно ќе ги однесат трите бода во Каталонија Хамес Родригез му донесе израмнување на Реал во 85-та минута.
И токму кога сите мислеа дека тоа ќе биде конечниот резултат, Меси на маестрален начин ја заврши одличната акција и го матираше Навас за голема победа од 2:3. Тоа беше и јубилеен гол за Аргентинецот, односно 500-ти во дресот на Барселона.