Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американската вселенска компанија Relativity Space вечерва ќе ја лансира 3D печатената ракета Terran 1 денеска од Кејп Канаверал во Флорида, прескокнувајќи ги планираните тестови и тргнувајќи директно во орбитата.
„Terran 1 ќе биде најголемиот 3D печатен објект што ќе се обиде да лета во орбитата“, рече портпаролот на компанијата. Ракетата е висока околу 35 метри, што ја прави една од најмалите орбитални ракети, а 85 отсто од масата е направена со помош на 3Д печатач, пишува New Scientist.
Може да носи до 1.250 килограми во орбитата на Земјата, а компанијата наплаќа 12 милиони долари по лет. За споредба, ракетата Falcon 9 на SpaceX може да подигне повеќе од 22.000 килограми во вселената, што чини околу 67 милиони долари по лет.
Теран 1 нема да носи никаков товар за време на пробниот лет. Ако стигне до вселената, летот ќе се смета за успешен. Компанијата одлучи да го прескокне последниот планиран тест – статичен оган, во кој ракетните мотори се палат додека ракетата е прикачена на земјата – и решија веднаш да продолжат со лансирањето.
Целта на Relativity Space, како што се наведува, е да овозможи изградба на индустриско општество на Марс, но ракетата Terran 1 е премногу мала за да стигне до Црвената планета. Иако е дизајнирана да пренесува мали сателити во орбитата, првенствено треба да служи како помал прототип за 66 метри високата ракета Terran R, која компанијата има намера да ја лансира во 2024 година.
Планирано е ракетата Terran R да може целосно да се употреби и да носи до 20.000 килограми. Покрај лансирањето на поголеми сателити во орбитата на Земјата, Relativity Space вели дека Terran R „ќе им понуди на клиентите вселенско летало способно да врши мисии помеѓу Земјата, Месечината и Марс“.
Како што веќе споменавме, 85 отсто од масата на ракетата Теран 1 е направена со помош на 3Д печатач, но компанијата наведува дека има намера да го зголеми тој удел на 95 отсто за идните вселенски летала. Теран 1 користи метан како погонско гориво и течен кислород како оксиданс.
„Во однос на перформансите на летот, ќе биде голема пресвртница ако ракетата безбедно се одвои од платформата, лета над океанот и ја помине точката Max-Q. Max-Q е точката каде што структурните оптоварувања на леталото се највисоки , што ја прави една од најпредизвикувачките фази на летот.
Relativity Space со седиште во Калифорнија е основана во 2015 година од Тим Елис и Џордан Ноун. И двајцата работеа во Blue Origin, а Ноун исто така беше вработен во SpaceX. Лансирањето на ракетата Теран 1 започнува во 19 часот, а целиот настан можете да го проследите на снимката подолу.