Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Google денеска најави отворање на своја прва продавница за малопродажба во Њујорк, каде компанијата има голема регионална канцеларија, каде се вработени околу 11.000 луѓе.
– Во продавницата на „Google”, клиентите ќе можат да купуваат широк избор на производи од „Google”, почнувајќи од телефоните „Пиксел”до производите „Нест”, уредите „Фитбит” до „Пикселбукс”, нагласи потпретседателот на Гугл, Џејсон Розентал.
Тој најавио дека производите ќе можат да се купуваат и преку интернет на „Гуглстор” (GoogleStore.com) и да ги подигнат своите нарачки во продавницата.
– Новата продавница на Google е важен следен чекор во нашето хардверско патување за обезбедување на најкорисно искуство на Google, каде и кога и да им е потребно на луѓето, посочи Розентал.
Додека Apple ги интегрираше своите физички продавници во својата маркетинг стратегија, Microsoft минатата година објави дека трајно ги затвора своите малопродажни објекти, освен неколку што ќе се користат како „центри за искуство”.