Првата муслиманско-христијанска божиќна песна порачува: „Бог е еден“ (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Хаидер Али Чао, припадник на муслиманската вероисповед, и Мишел Себастијан, христијанка по вероисповед, инаку од Пакистан, се запознале во градот Карачи, а од нивното пријателство се изроди првата муслиманско-христијанска божиќна песна.

„Иако не припаѓаме на иста религија, никогаш немавме чувство дека сме различни. Доколку веруваме во Бог, веруваме во светот, во мир и љубов, веруваме во човештвото“, појасниле Хаидер и Мишел.

Со песна порачуваат: „Бог е еден, светот е еден“ и истакнуваат како ниту една религија не ги учи луѓето на омраза.

Библијата и Куранот не учат да бидеме праведни, да се сакаме едни со други и никого да не повредуваме. Тоа е пораката која сакаме да ја испратиме со оваа песна“, заклучуваат тие.