Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во официјалното соопштение со кое вчера излезе технолошкиот гигант „Tesla“ стои дека својата прва фабрика надвор од САД ќе ја градат во Шангај.
Со тоа, компанијата ќе биде првиот целосно странски производител на автомобили во Кина, а оваа инвестиција се случува откако оваа земја во април годинава вети дека ќе ги укине условите со кои странски авто-производители би воделе бизнис со локалните партнери.
Од „Tesla“ најавија дека изградбата на погонот ќе започне наскоро, а производниот процес, за две до три години. Се предвидува фабриката годишно да произведува околу 500.000 возила.
Извршниот директор на Тесла Елон Маск, денеска беше во посета на Шангај, а тамошната влада соопшти дека не само што го поздравува планот за новата фабрика, туку и истражувањето и развојот. Кина со години се обидува да привлече поголем талент и инвестиции во напредната технологија за електрични возила.
Продажбата на електрични патнички возила во Кина, минатата година се зголеми за 82 процента, на речиси 470.000 автомобили, што е двојно повеќе од продадени возила во САД.