Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денеска во Струмица, во Домот на АРМ, македонската и бугарската влада ќе ја одржат првата меѓу-владина седница.
Со седницата ќе заседаваат двајцата премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, а ќе бидат потпишани и неколку договори и меморандуми.
Во фокусот на разговорите ќе да биде напредокот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Република Македонија, како и други теми од заеднички интерес со цел зајакнување на дијалогот и партнерството меѓу двете земји. Ќе се разгледуваат можностите за активирање на односите меѓу министерствата за надворешни работи, интеракцијата и меѓусебната помош при катастрофи, поддршка во обуката и подготовка на војниците од вооружените сили на Република Македонија, соработката во областа на телекомуникациите, инвестициите и енергетиката.
Планирано е и усвојување на заедничка декларација како знак на одбележување на добрососедските односи меѓу двете земји.
Претставниците на двете влади ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски, а бугарската влада ќе има и донација за општина Струмица.
Во декември во Подградец е договорена и заедничка владина седница меѓу Албанија и Македонија. Договорена е и заедничка седница на македонската Влада со Владата на Република Србија, кон крајот на февруари или почетокот на март идната година.