Прва ТВ улога после 30 години: Деми Мур ќе глуми во серијата Empire


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Актерката Деми Мур ќе се придружи на екипата од серијата Empire, пренесува Variety. Мур ќе глуми медицинска сестра со таинствено минато која се поврзува со семејството Лион.

Првин ќе се појави во финалето од третата сезона оваа пролет, а потоа ќе глуми и во неколку епизоди од четвртата сезона. Ова е прва ТВ улога за Деми од ’80-те години наваму, кога тогаш глумеше во серијата General Hospital. Мур требаше да глуми и во драмата на ABC, 10 Days In The Valley, но се откажа од проектот, а улогата ја доби Кира Сеџвик.

Во третата сезона од Empire се појавува и нејзината ќерка Рамер Вилис, која глуми брилијантна кантавторка, но не е познато дали мајката и ќерката ќе имаат некоја заедничка сцена. Исто така, како Шарлот Фрост, во третата сезона ќе се појави и Ева Лонгорија.

Серијата на Fox се враќа на 22 март.