Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во првата „тура“ амнестирања во случајот за крвавите собраниски случувања амнестирани се 12 обвинети.
Меѓу амнестираните се пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски. Тие се првите амнестирани, потврдуваат од Кривичниот суд.
Освен пратениците, амнестија добија и вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски.
Амнестија добија и Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски и Илија Славевски, изјави за 24 ТВ претседателот на судот Иван Џолев.
Од 66 барања за амнестија кои вчера од Кривичниот суд се пратени во обвинителството, од нив 29 до обвинителството за организиран криминал, обвинителката Рускоска за Канал 5 потврди дека дале позитивно мислење за 12 лица.
Детали не се откриваат, но Кривичниот совет одлуката за амнестија за дванаесетмината ја донел експресно, по претходно донесеното позитивно мислење од страна на Обвинителството за органзииран криминал. Останатите одлуки се очекуваат утре.