Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Американскиот претседател Доналд Трамп, после неколкумесечен личен молк во врска со наводната секс афера со порно актерката Сторми Даниелс која му се припишува дека ја имал во 2006 година, во четвртокот прв пат, иако категорично и кратко, „пушти глас“ за овој скандал.
Тој негираше дека знаел за исплатата од 130.000 долари на порноактерката Сторми Даниелс за нејзиното молчење. Тоа е прво јавно признание поврзано со скандалот поради наводната сексуална афера која го следи последните месеци.
„Не“, кусо одговори Трамп пред новинарите во Air Force One, кога го прашаа дали знаел за парите кои неговиот адвокат Мајкл Коен и ги исплатил еден месец пред американските претседателски избори во 2016 година.
Тој еден збор го прекина повеќемесечното молчење на Трамп за наводната афера со порно актерката Сторми, иако приватно претходно веќе се огласи по тоа прашање кога во 2006 негораше дека имал нешто со неа.
Вознемирен Трамп се обиде да ја смени темата и праша: „Што уште?“ откако одговори на прашањето, но новинарите продолжија да го прашуваат за исплатата која направи Коен.
„Ќе мора да го прашање Мајкл Коен“, рече трамп. „Мајкл е мој адвокат. Ќе мора да го прашате Мајкл.“
Рече дека не знае од каде дошле парите, а негираше дека основал фонд за Коен од кој наводно тој платил.