Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јужнокореанската компанија „Алмак“, која произведува автомобилски делови, заедно со „Дура аутомотив системс“ ќе вложат 30 милиони евра во нов производствен капацитет.
На премиерот Зоран Заев на работна средба му беше презентиран нивниот нов инвестициски проект во земјава, а од неговиот кабинет велат дека ова ќе биде прва јужнокорејска инвестиција во земјата.
Утре официјално ќе стартуваат инвестициските активности на двете компании кои донесоа одлука за заедничка инвестиција во Технолошо-индустриската развојна зона – Скопје 2.
„Станува збор за нова инвестиција во висина од 30 милиони евра за изградба на најсовремен објект каде ќе се одвива напредно производство и склопување на технолошки компоненти за автомобилската индустрија“, велат од кабинетот.
Почетокот на производството се планира за следната година, а „Алмак“, ќе има мнозински удел во заедничкиот инвестициски проект од 70 отсто.