Advertisements
Филм / ТВ

Прв трејлер за продолжението од „Maleficent“ со Анџелина Џоли

Стигна првиот трејлер за долгоочекуваното продолжение од филмот за главниот негативен лик од приказната за Трнорушка, под наслов „Maleficent: Mistress of Evil“.

Во новото продолжение од овој авантуристички филм и понатаму во главната улога на волшебничката ја имаме Анџелина Џоли, Ела Фанинг во улогата на Аурора, а ќе им се придружат Сем Рајли, Имелда Стантон, Џуно Темпл и Лесни Манвил од старата филмска екипа. Ќе се појават и некои нови фаци како Мишел Фајфер, Ед Скреин, Харис Дикинсон и Чуетел Еџиофор.

„Комплексната врска помеѓу злобната маѓесничка и Аурора продолжува да се истражува додека тие се соочуваат со нови закани во волшебната земја Маура“, пишува во описот за продолжението.

Во првиот филм од овој серијал од 2014 година беше раскажана дотогаш нераскажаната приказна за главниот негативен лик од анимираниот филм на Дизни од 1959 година, „Трнорушка“, со тоа што познатата бајка беше раскажана од перспектива на моќната волшебничка Малефицент.

Таа била прекрасна млада жена со добро срце која пораснала во мирното шумско кралство. Меѓутоа, еден ден непријателска војска ја нападнала нејзината земја и се заканила по хармонијата на заедницата. Малефицент тогаш одлчува да биде најголем заштитник и борец против нападот. Но, токму тој чин донесува голема неправда за неа. Нејзиното добро и храбро срце е претворено во студен камен.

“Maleficent: Mistress of Evil” го режираше Јоаким Ронинг, според сценарио напишано од Мика Фрицман-Блу и Ноа Харпстер. Премиерата е закажана за 18 октомври 2019 година.

Advertisements
To Top